Top Sport

Барселона падна кај Олимпијакос, дебакл за Црвена Звезда во Минхен

Лидерот во Евролигата, тимот на Барселона, загуби на гостувањето кај Олимпијакос со 66:73 во 28. коло од елитното европско натпреварување. Одлучувачка беше третата четвртина која Олимпијакос ја доби со 18:8, стекнувајќи пет поени предност.

Најефикасен во тимот на Олимпијакос беше Шекил Меккисик со 20 поени, а Никола Миротиќ кај Барселона заврши со 11 поени и шест скока.

Анадолу Ефес славеше со 87:77 против Алба Берлин, додека Баерн Минхен ја декласира Црвена Звезда со 82:57. Аугустин Рубит беше најефикасен во победничкиот тим со 22 поени и пет скока.

Басконија го победи Жалгирис со 96:79. Стивен Енох постигна 18 поени за Басконија, додека Лукас Левавичиус од гостинскиот табор со 20 кошеви беше најефикасен на мечот.

Scroll to Top