Top Sport

Шкупи најавува триумф против Тиквеш, Шкендија е фаворит против Борец

Лидерот на табелата Шкупи денеска на Чаир (15 часот) е домаќин на Тиквеш и сака да ја продолжи серијата победи. Фудбалерот за врска Фреди Алварез најавува нови три бода за тимот на Гоце Седлоски.

„Одлично сме подготвени, а во паузата одигравме и пријателски натпревар за одржување на формата. Знам дека нема да биде лесно против Тиквеш, но пред нашите навивачи на Чаир се чувствуваме посилни и верувам дека ќе ја продолжиме серијата позитивни резултати“, изјави Алварез.

Шкендија е домаќин на Борец во Тетово. Во тимот се враќа капитенот Егзон Бејтулаи, а Михаил Маневски најавува триумф за тетовци.

„На последните два натпревари остваривме две победи, но важно е што прикажавме и убедлива игра. По оваа двонеделна пауза, сигурно сакаме да продолжиме во исто темпо. Против Борец игравме во февруари на почетокот на пролетната сезона и победивме со 3:0. Во тимот владее добра атмосфера и верувам дека ќе го достигнеме нивото што го посакуваме и што навивачите го очекуваат од нас. Секако, нашата цел е победа на денешниот меч“, истакнува Маневски.

Академија Пандев исто така важи за фаворит на натпреварот против Скопје во Струмица, а Брегалница на теренот на ФФМ ќе ја пречека Ренова поради реновирање на тревникот на Градскиот стадион во Штип.

Македонија ЃП во Ѓорче Петров ќе го пречека последнопласираниот Пелистер, а вчера Струга Трим Лум славеше против Работнички со 1:3.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top