Top Sport

Мохамед Салах ќе потпише нов договор со Ливерпул

Египетската ѕвезда Мохамед Салах ќе остане во Ливерпул и ќе го продолжи договорот со клубот, откриваат медиумите на Островот. Неговиот договор истекува следното лето, а Египќанецот со месеци води преговори со раководството на Ливерпул. Тој бараше плата од 30 милиони евра по сезона која клубот не беше подготвен да ја понуди. Сепак, сега ставовите се значително приближени.

Барселона, ПСЖ и Јувентус се обидуваат да го намамат Салах да ја напушти Премиерлигата, но се поизвесно е дека египетскиот интернационалец ќе попушти во своите барања и наскоро ќе потпише нов договор.

Салах претходно ја одби понудата на клубот за годишна плата од 23 милиони евра. Тој побара многу повеќе, но најверојатно ќе се најдат „на половина пат“ со раководството и ќе ја продолжат соработката. Клубот ќе му понуди тригодишен договор со опција за продолжување на уште една сезона, што значи дека Салах би можел да ја заврши кариерата на „Енфилд“.

Scroll to Top