Руска телевизија го прекинала директниот пренос од мечот меѓу Борусија Дортмунд и Лајпциг (1:4) од Бундеслигата, затоа што на рекламните паноа се појавила пораката „Стоп на војната, поддршка за Украина“.
Преносот бил прекинат уште во 13. минута од натпреварот, а коментаторот Игор Китманов кажал дека истиот нема да продолжи.
„За жал мора да го прекинеме преносот поради работи кои не се во наша контрола. Спортот не смее да се меша со политиката, но Бундеслигата не го почитува тоа“, кажа коментаторот.