Top Sport

Радески: Шкупи е на вистинскиот пат за освојување на шампионскиот трон

Шкупи ја зголеми предноста на врвот на табелата во однос на Академија Пандев и на Шкендија, со минимална победа над Тиквеш, 1:0. Стрелец на победничкиот гол беше Марјан Радески на почетокот на вториот дел.

„Беше тежок натпревар, ама на крајот трите поени се важни. Ја заслуживме оваа победа затоа што имавме иницијатива од стартот на средбата. Среќен сум за голот и сакам да им се заблагодарам на соиграчите затоа што без нив немаше да може да погодам. Мислам дека сме на вистински пат кон шампионскиот трон, овој тим и навивачите тоа го заслужуваат“, изјави Радески по завршување на натпреварот.

Во следното коло лидерот Шкупи игра против Скопје.

Scroll to Top