Top Sport

МЗТ Скопје Аеродром го победи Феникс

Бранителот на титулата МЗТ Скопје Аеродром славеше победа (87:74) против Феникс за потврда на позицијата број 2 пред последното коло од регуларниот дел од сезоната во кошаркарсиот шампионат. Феникс 2010 на полувремето имаше минимална предност (46:45), но потоа МЗТ Скопје притисна и успеа да стигне до заслужена победа.

Војдан Стојановски со 22 поени беше најефикасен во победничкиот тим, Дејвис даде 19, а Дамјан Стојановски заврши со 15 поени.

Еуро Никел 2005 го совлада Работнички на гости во СРЦ „Кале“ со 68:87, па на коло пред крајот на првиот дел од шампионатот, кавадарчани може да завршат и како четвртопласирани. Ѓекиќ реализираше 18 поени за екипата од Кавадарци, Дубински имаше 16, Соколов 12, а Томиќ постигна 10 поени. Кај Работнички, екипа која сега е на ефект (9-12), Едвин реализираше 18, а Балмазовиќ 16 поени.

Куманово го совлада вториот тим на МЗТ на гости со 56:65, а Кожув беше подобар од Ангели (72:76). Гостивар загуби од Пелистер во 21.коло со 64:81.

Scroll to Top