Top Sport

ПСЖ се истури на Лориен

Пари Сен Жермен стигна до убедлива победа од 5:1 против Лориен на „Паркот на принцовите“. Тимот на Покетино очекувано доминираше на теренот, а првиот гол беше дело на Нејмар во 12.минута. Се надовра и Килијан Мбапе со погодок за 2:0 во 28.минута.

Лориен намали преку Теремас Мофи во 56.минута, но ПСЖ брзо додаде гас и постигна уште два гола. Килијан Мбапе стрелаше во 67.минута, а потоа и Лионел Меси се запиша меѓу стрелците. На крајот, повторно погоди и Нејмар.

Scroll to Top