Мотоциклистот на Априлија, Алеш Еспаргаро, победи на вечерашната трка од Мото ГП шампионатот за Големата награда на Аргентина. Тој дојде до првиот триумф во кариерата и го презеде водството во генералниот пласман.
Еспаргаро победи со резултат 41: 36.198 минути и ја постигна првата победа за Априлија во „кралската“ класа. Тој во саботата за првпат во кариерата ја освои пол-позицијата за Априлија во најсилната класа.
Членот на Дукати, Хорхе Мартин, беше второпласиран со 0,807 секунди заостанување, а трет е Алекс Ринс од Сузуки.
Возачот на Сузуки, Жоан Мир беше четврти, а Франческо Бањаја од Дукати беше петти.
На осмото место се најде актуелниот светски шампион Фабио Квартараро од Јамаха.
Еспаргаро е прв во генералниот пласман со седум бода повеќе од возачот на КТМ, Бред Бајндер, кој вечерва беше шестопласиран.
Следната трка во шампионатот е закажана за седум дена за Големата награда на САД во Остин, Тексас.