Каи Руни, 12-годишниот син на легендата на Манчестер јунајтед, Вејн Руни покажа дека наследил дел од фудбалските квалитети на неговиот славен татко, откако постигна фантастичен гол за У-12 тимот на „ѓаволите“ на градското дерби против Манчестер сити.
Каи Руни се приклучи на младинскиот тим на „ѓаволите“ во 2020, и сега игра заедно со синот на уште една легенда на клубот, Кристијано Роналдо Јуниор.