Лидерот на табелата во македонскиот шампионат, тимот на Шкупи, утре го очекува гостување на „Автокоманда“ и дуел против Скопје во 26. коло од Првата фудбалска лига. Тимот од Чаир посакува да ја продолжи победничката серија.
Крилниот напаѓач Валид Хамиди потенцира дека трите бода се целта на неговиот тим.
„Знаеме дека нема да биде лесно против Скопје, тие имаат мотив бидејќи се борат за опстанок, а во последното коло ја победија Академија Пандев. Но, ние сме подготвени и продолжуваме да работиме за остварување на нашата цел. Го респектираме ривалот, но ние сме фаворити и сакаме тоа да го оправдаме на теренот“, изјави Валид Хамиди.
Шкупи во моментот има 13 бода предност на врвот пред Шкендија и пред Академија Пандев.