„Сапуницата“ околу „мега-мечот“ помеѓу „Иранскиот Хулк“ Саџад Гариби и „Најстрашниот човек на светот“, Мартин Форд продолжува, откако Гариби најави тужба кон Британецот за откажувањето на нивниот боксерски меч на крајот на април.
Гариби требаше да боксува со Форд на 30 април во „О2 Арената“ во Лондон, но во понеделникот Британецот изјави дека мечот е откажан,посочувајќи дека Иранецот се повлекол од дуелот. Но, Гариби го отфрла ова објаснување.
„Денеска слушнав дека Форд не сака да се бори, ниту со мене, ниту со некој друг фајтер. Јас не го откажав мечот, но очигледно тој веќе не сака да ме види. Тоа е во спротивност на договорот и мојот легален тим ќе ги преземе потребните чекори. Убавото момче очигледно не сака да се бори, туку само да се крие и да се фали, или да бара дозвола од жената. Срамотно е да имаш таков противник. Тој е шега на векот“, напиша Гариби.