Top Sport

Легендата на Саутемптон, Ле Тисие под удар поради контроверзниот твит за Украина

Поранешниот англиски репрезентативец и легенда на Саутемптон, Мет Ле Тисие се повлече од позицијата амбасадор на клубот откако се најде на ударот на англиската јавност по контроверзната објава на Твитер околу војната во Украина.

Ле Тисие се сомневаше во западните медиуми и нивните известувања за наводниот руски маскр во градчето Буча.

„Медиумите ве лажеа за оружјата за масовно уништување. Медиумите ве лажеа за КОВИД. Медиумите ве лажеа за лаптопот на Хантер Бајден. Но, искрено, сега ви ја кажуваат вистината за Буча“, напиша Ле Тисие.

Тој го избриша твитот и посочи дека ја „утнале“ неговата поента за „медиумската манипулација“, но потврди дека нема да биде амбасадор на Саутемптон.

„Моите ставови се само мои секогаш биле такви и важно е да го направам овој чекор да нема забуни. Ова не влијае на моите односи и љубовта кон мојот клуб и секогаш ќе бидам навивач. Но, во моментов е пообор да ја одвојам мојата лична работа со клубот“, вели Ле Тисие.

Scroll to Top