Пред точно 20 години, мечот од Бундеслигата помеѓу Енерги Котбус и Борусија Менхенгладбах ни го донесе еден од најславните, најбизарните и за некои најсомнителните автоголови во историјата на фудбалот. Главен актер, голманот од Босна и Херцеговина, Томислав Пиплица.
Котбус во 85. минута од мечот имше 3:2 предност, пред Марсел Витечек да упати чуден удар кон голот на Пиплица, кој остана скаменет на гол-линијата по што топката го удри во главата и заврши во голот за конечни 3:3.
Секако, веднаш постоеја шпекулации дека се работи за намерно „пуштен“ гол, иако поранешниот репрезентативец на БиХ постојано го демантираше тоа.
„Бев сигурен дека оди над гредата. Но, удри некој ветер и ја спушти топката кон голот. Таа падна на мојата глава и влезе во голот. И јас бев изненаден“, објаснуваше Пиплица години подоцна.
Пиплица беше дел од славната младинска репрезентација на Југославија која во 1987 стана светски шампион (популарните „Чилеанци“), а потоа 11 години бранеше во Котбус, пред да се пензионира во 2015 година. Сега тој работи како тренер на германскиот нисколигаш Бајројт.