Top Sport

Касиљас на Твитер: „Бензема е спајдермен, ангел, претседател на Америка…Бензема е бог!“

Икер Касиљас, можеби најдобриот голман во историјата на Реал Мадрид, на најдобар начин ја опиша играта на Карим Бензема на „Стемфорд бриџ“. Французинот сам го урна европскиот првак Челси, постигнувајќи хет-трик во триумфот од 1:3 во првиот дуел од четврт-финалето во Лигата на шампионите.

„К9 е Спајдермен. К9 е Вулверин. К9 е чуварот во твојата зграда. К9 е твојот најдобар пријател. К9 е твојата баба. К9 е претседател на Америка. К9 е помошен падобран. К9 е твојот ангел чувар. К9 е Бог! Карим Бензема“, напиша Касиљас на Твитер.

Касиљас (40) и Бензема играа заедно од 2009 година, кога Французинот дојде од Лион во Реал, до 2015 година, кога Шпанецот од Реал замина во Порто. Во споменатите шест години како соиграчи освоија една шпанска и една европска титула и два кралски купа.

Scroll to Top