Германскиот „Дер Шпигел“ тврди дека актуелниот италијански селектор, Роберто Манчини дел од својата плата и компензација од Манчестер сити ја добил преку фиктивен консултантски договор.
Манчини пристигна во Сити во 2009 и беше на клупата на „граѓаните“ до 2013, освојувајќи ја првата лигашка титула на клубот по 44 години во 2012 година. Според германските извори, кои стигнале до неговиот договор, тој добивал 1.4 милиони фунти по сезона, плус дополнителни 4 милиони бонуси.
Истиот ден кога го потпишал овој договор, тој исто така потпишал договор за консултација со компанијата „Ал Џазира“, вредна 1.7 милиони фунти, која била исплатена без даночење.
Since the sanctions imposed on Chelsea owner #Abramovich, links between English football clubs and authoritarian states have been in the spotlight. Internal documents show that #ManchesterCity has received funding from a government agency in Abu Dhabi.https://t.co/fz9tRdLlyx
— SPIEGEL English (@SPIEGEL_English) April 7, 2022