Дефанзивецот на Милан, Тео Ернандез првпат стана татко, откако со неговата партнерка Зое Кристофори го добија првиот син.
Францускиот репрезентативец ја објави радосната вест на Инстаграм со фотографија на која го држи своето дете и со порака: „Те сакам сине“.
Тој доби дозвола од Милан да не учествува на денешниот тренинг, и веднаш доби честитки од своите соиграчи преку социјалните мрежи.
Ернандез пристигна во Милан од Реал Мадрид во 2019 година за 20 милиони евра и стана еден од најважните играчи во тимот, неодамна продолжувајќи го договорот до јуни 2026.