Даглас Коста доби дозвола од лекарите да се врати на тренинзите на бразилската репрезентација, откако успеал да ја залечи повредата на мускулот.
Крилниот напаѓач на Јувентус се повреди на 22.јуни, на натпреварот против Костарика и оттогаш тренираше одвоено.
Коста од вечера им се приклучи на соиграчите кои се подготвуваат за четврт-финалениот дуел со Белгија.
Покрај Даглас Коста, проблем со повредата има и Марсело. Левиот бек на Реал се повреди на почетокот на дуелот со Србија.
За него лекарите на бразилската репрезентација се уште не се сигурни дека ќе се рехабилитира до петок, кога е закажан мечот со Белгија.