Top Sport

Јовиќ си оди од Реал, следна дестинација Англија

Лука Јовиќ, во летниот преоден рок ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“.Србинот му наложил на менаџерот да му најде нов клуб.

Реал, во 2019 година издвои 60.000.000 евра за трансферот на Јовиќ. Три години подоцна тој доби статус на едно од најлошите засилувања во историјата на „кралскиот клуб“.

Покрај Карим Бензема, Јовиќ не успеа да се избори за место во тимот. Во ситуација кога Реал бара уште еден напаѓач, кој ќе му биде поддршка на Бензема и кога гасни се најавите дека Килијан Мбапе ќе пристигне во Мадрид, јасно е дека за Јовиќ нема место на „Сантијаго Бернабеу“.

Како сега стојат работите Јовиќ кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата. Според медиумите три клуба покажале сериозен интерес за него, Арсенал бара напаѓач откако остана без Обамејанг, а извесно е дека од клубот ќе си замине и Лаказет, Тотенхем кој и во минатата покажуваше интерес и Вест Хем кој имаше намера да го донесе Јовиќ и во зимскиот преоден рок.

Scroll to Top