Top Sport

Руни: Освен можеби Меси, нема фудбалер кој не е љубоморен на Роналдо

Легендата на Манчестер јунајтед, а сега менаџер на Дерби каунти, Вејн Руни на шега ја сфати реакцијата на неговиот поранешен соиграч, Кристијано Роналдо, кој го обвини Руни дека е љубоморен по неговите коментари како гостин на „Скај спортс“, кога го нарече враќањето на Португалецот во клубот како „неуспех“.

„Најверојатно нема фудбалер на планетата кој не е љубоморен на Кристијано. Кариерата која ја имаше, трофеите кои ги освои, парите кои ги заработи… Неговите мускули, телото. Мислам дека секој фудбалер, освен можеби Лионел Меси е љубоморен на Кристијано“, одговори Руни.

Роналдо му одговори на Руни: Љубомориш, а?

Scroll to Top