Top Sport

Зад првиот НФТ токен на Милан има интересна приказна

Милан се приклучи на долгата листа на спортски клубови кои решија да влезат во полето на НФТ токените со дигитална фотографија на скинатиот дрес на „росонерите“ зад кој стои интересна приказна.

Дресот во детска големина доаѓа од Јужен Судан, каде што го носеше едно дете кое ги преживеа поплавите во африканската држава. Данскиот фоторепортер Јан Граруп го смени дресот со детето за да му подари нов.

Сега, тој дрес ќе биде 3-Д скениран и претворен во НФТ (Non-Fungible Token) од компанијата „Фанса“, со што ќе стане дигитален колекционерски примерок. Милан ќе продаде 75.817 дитигални фотографии (според капацитетот на Сан Сиро) за 45 евра, а сите средства ќе одат во нивната добротворна фондација, која работи и во Јужен Судан.

Scroll to Top