Десниот бек на Ајакс, Нусаир Мазрауи, по завршувањето на оваа сезона ќе го напушти Амстердам и ќе се пресели на „Алијанц арена“. Тој ќе потпише четиригодишен договор како слободен агент, со опција за продолжување на соработката за уште една дополнителна сезона.
Мазрауи во Баерн ќе заработува 4 милиони евра, плус дополнителни бонуси. Со ова раководството на клубот ќе ја исполни желбата на Џулијан Нагелсман кој подолг период бараше засилување на десната бековска позиција.
За Мазрауи постоеше интерес и од Барселона, но на крајот Баерн Минхен излезе победник во трката за неговиот потпис.