Фудбалската репрезентација на Англија, синоќа „го скрши пенал проклетството“ и се пласира во четврт-финалето на Светското првенство. Во борбата за пласман меѓу најдобрата мундијалска четворка пред „гордиот албин“ ќе застане Шведска.
Во пресрет на тој натпревар, сабота од 20 часот, селекторот Герет Саутгејт може да се соочи со сериозни кадровски проблеми.
„Скај спорт“ тврди дека голема е веројатноста Англија во четврт-финалето да биде без најдобриот стрелец на турнирот Хари Кејн и неговиот тимски колега Деле Али.
Кејн, по синоќешниот исцрпувачки натпревар против Колумбија, се пожалил на болки во грбот, додека Али не е целосно рехабилитиран од повредата на бутниот мускул, поради која го пропушти натпреварот во првата фаза против Белгија.
Истито извор тврди дека и Џејми Варди нема да биде подготвен да одигра цел натпревар, па шпекулира дека веројатно в сабота нападот на Англија ќе го предводат Маркус Рашфорд и Дени Велбек.