Top Sport

Погба се враќа во Јувентус

Францускиот интернационалец Пол Погба по шест години ќе го напушти Манчестер Јунајтед на крајот на сезоната. Тој донел одлука и веќе ја соопштил на раководството на клубот.

Францускиот ас одлучил да се врати во клубот каде го играше својот најдобар фудбал во кариерата, Јувентус. Челниците на „старата дама“ успеале да го убедат Погба да дојде повторно во Торино иако не можат да парираат со финансиските средства на најмоќните европски клубови во овој момент.

„Тутоспорт“ пишува дека ПСЖ му понудил огромен договор на Погба, но францускиот репрезентативец ги одбил „светците“ бидејќи сака да игра за Јувентус.

Scroll to Top