Top Sport

Чимаев подобар од Барнс во најголемата „тепачка“ на УФЦ 273

Во најинтересната „тепачка“ на УФЦ 273 вчера, чеченскиот „воин“, Хамзат Чимаев забележа победа на поени над Бразилецот Жилберт Барнс во меч со многу пресврти и акција.

Чимаев започна со соборување на противникот, но за разлика од неговите претходни противници, Барнс бргу се врати на нозе, и двајцата почнаа да си разменуваат фантастични удари, но Чимаев ја заддржа контролата. Во втората, Барнс се врати со два силни удари, јасно добивајќи ја рундата за да биде блиску до нокаут во финишот на рундата.

Во третата рунда, Чимаев ја обезбеди победата со поголема активност и со повеќе удари за да ги импресионира судиите, кои го оценија мечот со 39:38, 39:38, 39:38.

Scroll to Top