Top Sport

Левандовски донесе нова победа за Баерн Минхен

Полскиот интернационалец Роберт Левандовски му донесе нова победа на Баерн Минхен во Бундеслигата. Не им одеше најдобро на баварците на дуелот со Аугсбург, но, сепак, во 80.минута беше досуден пенал, а го реализираше Левандовски.

Волфсбург ја декласира Арминија Билефелд со 4:0, а Келн беше подобар од Мајнц и славеше со 3:2. Борусија Менхенгладбах оствари гостински успех против Гројтер Фурт (0:2).

Scroll to Top