Трагични вести доаѓаат од Соединетите Американски Држави. Бекот на НФЛ тимот, Питсбург Стилерс, Двејн Хескинс (25) се здоби со смртни повреди во сообраќајна несреќа.
Според неговиот агент, тој бил прегазен од автомобил во Јужна Флорида, а подоцна починал во болница.
Хескинс ја започна својата кариера на Државниот универзитет во Охајо. Негов прв ангажман во американската фудбалска лига (НФЛ) беше кога беше драфтуван од Вашингтон во 2019 година.
По престојот во главниот град, тој се пресели во Питсбург. Пред несреќата тој беше со соиграчите на Флорида на подготовки за новата сезона.