Јувентус најдоа замена за левиот бек Алекс Сандро. Од наредната сезона дресот на „старата дама“, ќе го носи Ренан Лоди.
„Elgoldigital.com“, објави дека тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, дал дозвола Лоди да го напушти клубот. За Бразилецот, Јувентус ќе плати 35.000.000 евра.
Според овој извор, на местото на Лоди во Атлетико ќе пристигне Маркос Алонсо од Челси.
Рена Лоди има 24 години, играч на Атлетико е од 2019 година. За неговиот трансфер од Атлетико Паранаенсе „јорганџиите“ платија 22.000.000 евра.