Најтрофејниот македонски клуб Вардар го постави Бобан Грнчаров за вршител на должноста тренер до крајот на сезоната. По оставката на шефот на стручниот штаб Никола Глигоров, раководството на клубот се реши за решение од сопствениот погон. Грнчаров неодамна повторно се приклучи на тренерскиот тим на „црвено-црните“, а сега добива шанса да биде и прв тренер до крајот на сезоната.
Вардар загуби од Гостивар со 2:1 во последното коло од Втората лига Запад и сега има голема негатива во однос на второпласираниот тим на табелата, Воска Спорт, во трката за обезбедување бараж за пласман во елитата.