Top Sport

Објавена идеалната петорка од најдобри европски кошаркари во историјата на НБА

Во тек е 75. сезона во НБА, а по тој повод раководството на лигата го организираше изборот на најдобрите Европејци во историјата на најсилната светска кошаркарска лига. Избрани се две петорки, а во неа застапени се кошаркарите од регионот.

Тимовите беа избрани од навивачи од Европа, како и престижен панел составен од повеќе од 40 претставници на европски медиуми, радиодифузери, влијателни и познати личности. Гласовите на навивачите учествуваа со 50 отсто од конечниот резултат, додека комисијата ги одреди преостанатите 50 отсто.

Првиот најдобар европски НБА тим на сите времиња го сочинуваат двократниот МВП на НБА, Јанис Антетокумпо, трикратниот олстар на НБА, Лука Дончиќ, двократниот НБА шампион Пau Гасол, шампионот во 2011 година, Дирк Новицки и четирикратниот НБА шампион, Тони Паркер.

Дирк Новицки, кој играше за Далас Маверикс во текот на својата 21-годишна кариера и моментно е шести најдобар НБА стрелец на сите времиња, доби најмногу гласови.

Вториот најдобар европски НБА тим на сите времиња го сочинуваат актуелниот МВП играч на НБА, Никола Јокиќ, членовите на „Куќата на славните“ на кошарката, Тони Кукоч и Арвидас Сабонис, НБА шампионот од 2011 година, Предраг Стојаковиќ и покојниот Дражен Петровиќ.

Scroll to Top