Top Sport

Натпревар од Бундеслигата за првпат во историјата прекинат за фудбалер да ифтари

Натпревар од Бундеслигата за првпат беше прекинат за да може фудбалер да го прекине рамазанскиот пост и да ифтари. Судијата Матијас Холенбек во 65. минута го прекина натпреварот од Бундеслигата меѓу Аугсбург и Мајнц, иако немаше причина за тоа. Судијата го направи ова за да го натера Муса Ниахате, капитенот на гостите, да ифтари или да го прекине рамазанскиот пост. Тоа е историски настан за Бундеслигата, првпат поради наведената причина да биде прекинат натпревар во една од најсилните лиги.

За муслиманските верници, месецот Рамазан започнува на почетокот на април и за време на него не јадат и не пијат ништо на дневна светлина. Толку многу фудбалери од муслиманска вероисповед не консумираат храна и пијалоци од утро до мрак.

Капитенот на Мајнц е еден од оние кои постат, а времето на ифтар, кое се случува на зајдисонце, морал да го искористи за консумирање течност.
„На паузата меѓу двете полувремиња го прашав судијата дали е можно да има кратка пауза во вториот дел за да го прекине постот. Знам дека не мораше да го направи тоа и можеше да ме одбие и јас би разбрал тоа“, изјави Ниахате по натпреварот.

Судијата Холенбек, сепак, повлече потег за историја.

„Муса ме праша дали ќе може да пие вода по зајдисонце, помеѓу 60-та и 70-тата минута од натпреварот. Се разбира, реков дека може. Му дадов сигнал кога ќе дојде времето да ме праша. Го чекав да се напие вода и така тој го заврши постот тој ден“, изјави судијата Матијас Холенбек.

Scroll to Top