Тренерот на Атлетико Мадрид бесно одговори на своите „таканаречени колеги“ кои го критикуваа неговиот тактички пристап при првиот меч од четврт-финалето на Лигата на шампионите на гости кај Манчестер сити, кога загубија со 1:0.
Аргентинецот создаде репутација со градење на дефанзивни тимови, со кои стигна до една титула во Ла лига и до финале во Лигата на шампионите со „рохибланкос“, но по крајно дефанзивната тактика против Сити, со 5-5-0 формација која беше наречена „праисториска“ од Пеп Гвардиола и беше јасно критикувана од легендарниот поранешен тренер на Милан, Ариго Саки, тој реши д им одговори.
„Го кажувам истото постојано. Тука сум од 2005/06 и ниту еднаш не сум зборувал негативно за било кој мој колега. Секогаш се обидувам да се поставам во позицијата на друг тренер и секогаш има различен начин да го искажеш своето мислење. Кога не покажуваш почитување не го споделувам тоа, но тука се сите мислења на новинарите, поранешните играчи и некои кои не играле долго фудбал. Како што велеше мојот татко: ‘Рибата умира преку устата’. Тоа во Аргентин значи дека зборовите се бесплатни и секој може да зборува. Јас секогаш сум ги почитувал моите колеги“, вели Симеоне.
Капитенот Коке му врати на Гвардиола за коментарот за „праисториската“ 5-5-0 формација