Top Sport

Капитенот Коке му врати на Гвардиола за коментарот за „праисториската“ 5-5-0 формација

Капитенот на Атлетико Мадрид, Коке на социјалните мрежи одговори на коментарите на менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола за „праисториската“ 5-5-0 формација со која вчера „рохибланкос“ се прикажааа при 1:0 поразот.

Сити имаа само два удари на голот на Атлетико, кои пак иронично завршија без удар на голот во дефанзивната тактика, по што Гвардиола сметаше дека не можеле да направат ништо.

„Симеоне го постави Гризман на десната страна и Жоао Феликс на левата страна и тргнаа со 5-5-0. Две линии од по 5 фудбалери. Во праисторијата, денеска и за 1.000 години тешко е да нападнеш 5-5, бидејќи нема простор“, изјави 51-годишниот Гвардиола.

Коке, очигледно „загреан“ за реваншот на 13 април во Мадрид одговори преку социјалните мрежи.

„Во љубов кон својата историја од праисториски времиња, горд што си Атлети“, напиша Коке.

Scroll to Top