Детската добротворна организација „Спасете ги децата“ (Save the Children) одлучила Кристијано Роналдо веќе да не биде нивни амбасадор по „нападот“ кој ѕвездата на Манчестер јунајтед го имаше над 14-годишниот навивач на Евертон, кому му го скрши мобилниот телефон по 1:0 поразот на „Гудисон парк“.
Снимките на социјалните мрежи го покажуваат Роналдо како го избива телефонот од раце на 14-годишниот Џејк Хардинг, кој има аутизам, а полицијата потврди дека го испитува инцидентот. Роналдо веднаш се извини преку социјалните мрежи и ги покани навивачот на меч на „Олд Трафорд“, но неговата мајка Сара Кели изјави дека такво нешто нема да се случи и дека Џејк не сака да го види Ронало.
Според „Ла газета дело спорт“, добротворната организација решила да ги раскине врските со Роналдо по 10-годишна соработка. Неговото име веќе не е на веб-сајтот на интернационалната организација која го прогласи Роналдо за амбасадор во 2013 година.
Момчето ја одби поканата на Роналдо: „Не сакам никогаш повеќе да го видам“
Момчето чиј телефон го скрши Роналдо е аутистично, открива неговата мајка