Top Sport

Македонија ќе игра „меч за мир“ против Украина

Македонската фудбалска репрезентација наредниот месец ќе одигра пријателски натпревар против селекцијата на Украина. Ова го најави потпретседателот на Фудбалската Асоцијација на Украина, Олег Протасов.

„Бараме квалитетни спаринг-партнери бидејќи наша цел не е само да играме, туку и да победиме на баражот и да се пласираме на СП. Преговараме со неколку селекции за одржување на тренинг-камп на нивна територија, а договараме и средби со Франција и со Македонија. Деталите ќе ги соопштиме нешто подоцна, кога се ќе биде договорено“, изјави Протасов за украинските медиуми.

Натпреварот најверојатно би се играл на крајот на следниот месец, а пред дуелите од Лигата на нации што ја очекуваат Македонија.

Scroll to Top