Хрватскиот интернационаец Лука Модриќ најверојатно ќе остане во Реал Мадрид и наредната сезона, но доби две фантастични понуди за трансфер ова лето. Првата доаѓа од Јувентус кој се обидува да го привлече да дојде во Серија А како слободен агент, а втората е финансиски побогата и пристигна од Катар.
Двата клуба му нудат на Модриќ двегодишен договор, но капитенот на хрватската репрезентација сепак ја чека понудата од Реал Мадрид. Тој би прифатил продолжување на договорот за уште една година со „кралевите“, но само доколку не биде намалена неговата сегашна плата.
Модриќ во Реал Мадрид пристигна во 2012 година од Тотенхем. Во дресот на „кралскиот клуб“ освои четири трофеи во Лигата на шампионите. Минатата година исто така го продолжи договорот на една година и прифати намалување на платата.