Top Sport

Миркуловски: Ова е мојот последен меч за Македонија, се надевам на хепиенд

Машката ракометна репрезентација на Македонија се подготвува за реванш натпреварот против Чешка во баражот за пласман на Светското првенство. По ремито (24:24) во Злин, македонските ракометари в недела ќе треба да победат барем минимално за да обезбедат мундијалска виза.

За искусниот среден бек Филип Миркуловски тоа ќе биде последниот натпревар во дресот на националниот тим.

„Ова е мојот последен натпревар во репрезентацијата на Македонија, ќе биде емотивно, но ние сме професионалци. Се надевам дека ќе имаме хепиенд и дека ќе се пласираме на Светското првенство“, изјави Миркуловски.

 

Scroll to Top