Top Sport

Барнли го смени тренерот по десетгодишна соработка

Англискиот премиерлигаш Барнли објави дека Шон Дајш веќе не е менаџер на тимот. По 30 одиграни кола, Барнли се наоѓа на 18. позиција на табелата во Премиерлигата што води во послаб ранг, а има четири бода помалку од Евертон кој е едно место погоре.

Иако остануваат уште осум натпревари за Барнли да се спаси, челниците на клубот утрово направија потег кој ги шокираше сите. Барнли по цели десет години соработка реши да го отпушти Дајш, што никој не го очекуваше во овој момент.

Барнли в недела му гостува на Вест Хем во новото коло од Премиерлигата.

Scroll to Top