Селекторот на женската ракометна репрезентација на Македонија, Љубомир Савевски, го објави списокот на ракометарки на кои ќе смета за претстојниот двомеч против Норвешка во рамките на ЕХФ Евро-купот 2022.
Савевски повика 19 ракометарки и нема никакви промени, тоа се истите имиња кои ги играа и пријателските натпревари против Црна Гора и против Словенија.
Собирот на ракометарките е на 18 април во хотелот „Александар Палас“, а мечевите се закажани за 21 април во Скопје, односно 24 април во Бекестуа.