Top Sport

Покренато обвинение за осуммина за смртта на Диего Марадона

Обвинителството на Аргентина по 15 месеци истрага покрена обвинение против осум лица за смртта на легендарниот фудбалер Диего Марадона. Тие се товарат за убиство со умисла.

Марадона почина на 25 ноември 2020 година од срцев удар, само еден месец откако наполни 60 години и излезе од болница, но деталната истрага покажала дека се работи за смрт од небрежност и лоша здравствена нега. Задолжените за здравствената нега на легендарниот фудбалер не ја вршеле добро својата работа.

Неврохирургот Леополдо Луке, психијатарот Агустина Косачов, психологот Карлос Дијаз, директорот на швајцарското здравствено осигурување Ненси Форлини, здравствениот координатор Маријано Перони, како и медицинските сестри Рикардон Алмирон и Дахиана Мадрид се меѓу обвинетите. На нив им се заканува затворска казна од 5 до 25 години.

Тие „непромислено и небрежно постапувале со што го зголемиле ризикот за пациентот до кобниот настан, кој можел да се избегне“.

Scroll to Top