Реал Мадрид се повлекува од трката за потписот на Ерлинг Халанд. Норвежанецот, во летниот преоден рок речиси сигурно ќе замине од Дортмунд. Фаворит за неговиот потпис е Манчестер сити, откако како што тврди специјализираниот фудбалски портал „Goal. com“, Реал решиле да се повлечат од трката.
Халанд е достапен за 75.000.000 евра, колку што изнесува обесштетувањето, но проблем за заинтересираните клубови претставуваат мегаломанските барања на самиот игра, неговиот татко и менаџерот Мино Рајола.
Со недели медиумите пишуваат дека Халанд бара годишна плата од 30.000.000 евра, а таткото и менаџерот Рајола, бараат по 20.000.000 евра само за потпис на договорот.
„Реал нема да дозволи еден трансфер да ја дестабилизира соблекувалната. Сите во клубот напорно работеа за да владее единство во соблекувалната. Реал треба на Халанд да му понуди плата која би ги налутила актуелните играчи, бидејќи тие заработуваат многу помалку од она што го бара Норвежанецот“, пишува порталот.
„Второ, во Реал се загрижени од честите повреди на Халанд. Клубот не сака повторно да падне во стапица. Имаат добри примери со Герет Бејл и Еден Азар, кои повеќе време минуваат во болниците отколку на теренот“.
Порталот пишува дека Халанд е голема желба на Реал, но шансите да биде реализиран трансферот се минимални, бидејќи и Халнад и неговите застапници треба да исполнат некои услови што не им се допаѓаат.