Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Дамјан Стојановски и во следните две сезони ќе биде лидер на МЗТ Скопје Аеродром, откако постигнал договор и во наредните две сезони да го носи дресот на клубот од „Аеродорм“, објави МЗТ на својата официјална интернет страница. Договорот помеѓу Стојановски и МЗТ ќе биде ќе биде официјализирана во текот на следната недела.
Капитенот и покрај понудите од странство реши да остане верен на сино-белиот дрес и да даде сѐ од себе во мисијата која е пред него и соиграчите во следниот период, а тоа е борбата за висок пласман во АБА2-лигата и враќањето на титулата во „Јане Сандански“.
Дамјан Стојановски е дел од екипата на МЗТ од 2012 година.
Стојановски е петтиот кошаркар кој тренерот Ѓорѓи Кочов во моментов го има на располагање, по претходното обновување на соработката со Дарко Соколов и Андреј Маслинко, како и ангажирањето на повратникот Љубомир Младеновски и Лестер Медфорд.