Диего Марадона преку Инстаграм се извини до Светската фудбалка федерација (ФИФА) за неговите коментари по поразот на Колумбија на пенали од Англија во четврт-финалето на Муиндијалот.
Аргентинецот тврдеше дека се случил „монументален грабеж“ од страна на американскиот судија Марк Гајгер по доделувањето на пенал за Англија, посочувајќи дека е подобро тој да се „држи до безболот“. Откако се смири и доби предупредување од ФИФА, 57-годишниот Марадона се извини.
„По возбудата за поддршката на Колумбија пред некој ден, кажав некои работи, за кои признавам дека се неприфатливи. Извинување до ФИФА и до претседателот Инфантино. Колку и да се разликуваат моите мисли со тие на судијата, имам огромна почит за нивната тешка работа“, пишува Марадона.
Фото: ЕПА
Марадона и Фалкао се согласуваат: Судијата ја ограби Колумбија