Македонскиот фудбалски интернационалец Иван Тричковски беше стрелец на единствениот гол за АЕК Ларнака во триумфот (1:0) над Анортозис во плеј-офот од првенството на на Кипар. Тој погоди од пенал во 84.минута и донесе важни три бода во трката за шампионската титула.
Сега АЕК Ларнака има пет бода негатива во однос на лидерот Аполон Лимасол, кој нема победа на последните пет меча.