Top Sport

Верона ја продолжи мизеријата на Аталанта

Аталанта во завршницата од сезоната во Серија А игра во очајна форма, а тоа го искористи Верона за победа на гости со 1:2. За тимот на Џанпјеро Гасперини тоа е трет последовен пораз и полека ги губи шансите за излез на европска сцена.

Федерико Чекерини во 45.минута донесе предност за Верона во Бергамо, а на почетокот на второто полувреме Теун Копмајнерс си постигна автогол. Единствениот гол за Аталанта беше дело на Џорџо Скалвини во 82.минута, но домаќинот не успеа да избегне пораз.

Scroll to Top