Женската ракометна репрезентација на Македонија ги продолжува подготовките за двомечот против Норвешка, најсилниот можен ривал со кој се среќаваат во ЕХФ Еврокупот. Избраничките на селекторот Љубомир Савевски коваат план како да му се спротивстават на големиот противник. Првиот натпревар ќе се одигра в четврток во Скопје, додека реваншот е в недела во Норвешка.
Марија Штериова се враќа после повредата, додека Елена Ѓорѓиевска се уште не е во можност да им помогне на колешките од националниот тим.
Фото: Игор Паневски