Top Sport

Јокиќ исклучен, Вориорс уште еднаш го декласираа Денвер

Голден стејт Вориорс ја забележаа втората победа во плејоф серијата со Денвер Нагетс. Вориорс убедливо славеа со 126:106. Мечот го обележа исклучувањето на Никола Јокиќ.

Ол стар триото Стеф Кари, Клеј Томпсон и Дрејмонд Грин ги предводеа Вориорс до победата, кои блескаа во третата четвртина.

На полувреме Вориорс имаа предност 57:51, а потоа во третиот период постигнаа 44 поени и го решија натпреварот. Во решавачката четвртина влегоа со предност 101:81.

Шансите на Денвер дека можат да се врата во натпреварот потонаа на седум минути до крајот кога Јокиќ ја доби втората техничка и мораше да го напушти теренот.

Стеф Кари постигна 34 поени, Џордан Пул 29, а Клеј Томпсон 21 поен.

Јокиќ го предводеше Денвер со 26 поени, 11 скока и четири асистенции.

Третиот меч од серијата е во Денвер, во петок, ќе започне во 4 часот по средно-европско време.

Scroll to Top