Атлетико Мадрид до крајот на сезоната ќе биде без Жоао Феликс. Младиот Португалец се повреди во финишот на првото полувреме против Еспањол. Овој меч, кој Атлетико го доби со гол од пенал во 99.минута, поради повреда пред време во првото полувреме го заврши и Тома Лемар.
Жоао Феликс на „Инстаграм“, поврси дека нема да се врати во тимот до крајот на сезоната.
„За жал нема да бидам во можност да му помогнам на тимот до крајот на сезоната. Сега ќе и се посветам на рехабилитацијата“, напишал Феликс.
Ова е голе удар за Атлетико, Поругалецот, го предводеше тимот до седум победи на последните осум натпревари во Ла Лига.
До крајот на сезоната во нападот, тренерот Симеоне ќе ги има Антоан Гризман, Луис Суарез, Матеус Куња и Анхле Кореа.
Атлетико со 60 бода се наоѓа на делба на втората позиција со Барселона и Севилја.