Кошаркарите на Будуќност испаднаа од Еврокупот. Црногорскиот шампион, загуби од Андора 74:64. Натпреварот го обележа инцидентот помеѓу Џастин Кобс и еден навивачи на клубот.
Во текот на еден тајм-аут, во третата четвртина, еден навивач на Будуќност на тренерот Александар Џикиќ му се обрати со зборовите: „Исфрли го ова ѓубре“.
Кобс, кој долги години игра во АБА лигата, тој е и репрезентативец на Црна Гора, разбра што кажал навивачот и веднаш тргна да се пресмета со него.
Веднаш реагираше полицијата, навивачот го исфрлија од сала. Додека тој ја напушташе салата Кобс му покажуваше дека ќе го чека надвор по завршувањето на натпреварот.
Џастин Кобс на овој натпревар не постигна ниту еден поен.
Picabaralla entre els aficionats del Buducnost amb el jugador Justin Cobbs.
Un dels aficionats ha anat durant un temps mort a recriminar una acció al jugador.
La policia i la seguretat del pavelló han expulsat aquests "aficionats".@rtvandorra pic.twitter.com/DrWRioirYt— Berry Romero (@Berry_Romero) April 19, 2022