Top Sport

Луизао: Винисиус е магаре

Винисиус жуниор, 21-годишниот напаѓач на Реал ја игра најдобрата сезона во кариерата. 17 голови и исто толку асистенции стојат зад неговото име на 44. одиграни натпревари.

Сепак младиот Бразилец не успеал да го импресионира повозрасниот сонародник, светскиот првак со Бразил од 2002 година, Луизао (46).

„Винисиус е магаре. Не знае да му ја украде топката на голманот, не знае да постигнува голови. Мора повеќе да тренира, да научи да игра со глава. Мора да повеќе да учи и да напредува“, рекол Луизао во подкастот „Reis da Resenha“.

Луизао кариерата ја градеше во Бразил, во Европа играч за Депоритво Ла Коруња и Херта. 12 натпревари одигра за Бразил, постигнал четири гола.

Scroll to Top