Левиот бек на Работнички, Димитриј Поповски, предвреме ја заврши сезоната. Тој имаше хируршка интервенција на слепо црево во Клиничкиот центар во Скопје и деновиве ќе биде пуштен на домашно лекување. Со оглед дека е финиш на првенството, тој предвреме ја завршува сезоната.
Сепак, најважно е младиот фудбалер комплетно да се опорави и да биде подготвен за предизвиците на стартот на следната натпреварувачка сезона.
Работнички в петок го пречекува ФК Скопје во натпревар од 29.коло на Првата фудбалска лига.